Top Sport

Сега е и официјално: Пирло се врати во Јувентус

Јувентус ја потврдија веста дека легендарниот Андреа Пирло е нов тренер на У-23 тимот на „бјанконерите“.

Претходните неколку недели самиот Пирло најавуваше враќање на фудбалот во прва тренерска улога во својата кариера, пред денеска новокрунисаниот италијански шампион да ја потврди веста.

„Денеска започнува нова авантура за Андреа Пирло и Јувентус. По пет години повторно ќе работиме заедно, овојпат со Андреа како тренер на У-23 тимот. Нов предизвик пред нас, камбек кој ќе ги задоволи сите фанови. Добредојде назад, тренеру Пирло“, напишаа од клубот.

Scroll to Top