Кристијано Роналдо ја прослави својата втора титула од Серија А со Јувентус со лускузна јахта од 6 милиони евра, тврдат италијанските таблоиди.
Јувентус ја потврдија титулата во неделата со 2:0 победата над Сампдорија за Роналдо по седми пат да освои лигашка титула по трофеите со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. 35-годишниот Португалец беше забележан со своето семејство на јахтата во Италија, но за разлика од претходните пати кога само изнајмуваше јахта, овојпат тој се реши да даде 6 милиони евра за бордот во кој има пет посебни кабини, шест тоалети, голема лаунџ-соба и кујна.
Неговата девојка, Георгина Родригез преку Инстаграм им даде шанса на фановите да погледнат каква е внатрешноста на јахтата. Тие беа забележани на одмор оваа недела во близина на бродоградилиштето во Вијареџо, заедно со нивните четири деца.
View this post on Instagram
Yellow top, open sea, good vibes only ? @suspiciousantwerp #suspiciousantwerppartner