Атрактивната германска натпреварувачка во фристајл скијање, Лиза Цимерман нема да биде присутна на Олимписките игри во Пјеонгчанг поради повреда на лигаментите на коленото, така што наместо тоа се „загреа“ со насловната страница на мартовското издание на германскиот „Плејбој“.
21-годишната Цимерман, која има четири победи во Светскиот куп, позираше на Алпите и вели дека не и пречел студот.
„Беше студено, но фотографиите беа прекрасни. Немам проблем со тоа што бараа голи фотографии, бидејќи ми беше чест да бидам во ‘Плејбој’. Моето момче исто така немаше проблем, туку ми кажа, навистина е кул што имам девојка на насловната на ‘Плејбој’“, вели Цимерман.