Напаѓачот на Ливерпул Дивок Ориги се наоѓа пред трансфер во Астон Вила. Ориги изминатите две сезони беше џокер од клупата, постигна два гола во сензационалната победа над Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите, а беше стрелец и во финалниот меч пртив Тотетнхем.
Англиските медиуми пишуваат дека Ориги побарал да му биде овозможен трансфер во некој друг тим каде ќе биде прв напаѓач. Астон Вила биле сериозно заинтересирани за Белгиецот и подготвиле 20 милиони фунти за неговиот трансфер.
Ориги оваа сезона има одиграно 44 натпревар за Ливерпул.