Боб Ханинг шефот на ракометниот клуб Фуксе Берлин рекол дека во клубот биле подготвени за „црно сценарио“ со што ги најавил последиците кои ќе ги почувствува од пандемијата на Ковид-19 Бундес лигата, најсилната лига во светот.
Оваа изјава на Ханинг доаѓа по изјавата на официјално најдобриот ракометар во светот, Нилас Ландон, кој рекол дека во Кил играчите прифатиле наредната сезона да добиваат 50 отсто од договорените плати.
Ханинг за германските медиуми рекол дека едно од сценаријата е клубот да прогласи банкрот или да не аплицира за лиценца за настап во Бундес лигата.
„Разговаравме со двајца стечајни управители, сакавме да се информираме кои се легалните опции за прогласување на банкрот. Исто така размислуваме на кој начин ќе ги плаќаме играчите, но и за опцијата да не аплицираме за лиценца за настап во Бундес лигата како што тоа беше пред 16 години. Тогаш тргнавме од почеток, тргнавме повторно да го градиме тимот“, рекол Ханинг.