Манчстер сити го комплетираа трансферот на крилото на Валенсија, Феран Торес во договор вреден 21 милиони фунти, со што шпанскиот младински репрезентативец станува првото големо засилување за тимот на Пеп Гвардиола.
20-годишниот Торес потпиша петгодишен договор со поранешниот англиски шампион, а Валенсија може да добие дополнителни 11 милиони фунти ако се исполнат одредени бонуси околу настапите и пласманот на Сити.
Сити ги победија Манчестер јунајтед, Јувентус, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во трката за Шпанецот, а клучен човек беше Пеп Гвардиола, кој лично го убедил Торес да го избере клубот од северот на Англија.
Поради ограничувањата за движење во Велика Британија поради КОВИД-19, Торес ги комплетираше медицинските тестови во Шпанија.
„Презадоволен сум што се приклучувам на Сити. Секој фудбалер сака да игра во напаѓачки тим како Сити, еден од најдобрите на светот. Пеп преферира отворен и агресивен стил, кој го сакам и е менаџер кој е докажан на највисоко ниво“, вели Торес.
Here we go! We’re delighted to announce the signing of @FerranTorres20 from Valencia on a five-year deal ✍️
? #ManCity | https://t.co/axa0klD5re pic.twitter.com/hzCbdoRsxL
— Manchester City (@ManCity) August 4, 2020