Сезоната 2019/2020 во Серија А заврши, Јувентус ја освои деветтата титула во низа.
Сепак, по рестартот на сезоната, поради пандемијата со коронавирусот Милан е екипата која покажа најмногу.
Бенасер и Кеси во средината „се споија“, Чалханоглу играше одличен фудбал, а смиреноста на Кјаер за зацврсти одбраната.
Екипата на Стефано Пиоли изгледаше самоуверено и на 11 меча немаше ниту еден пораз. Тука спаѓа и убедливиот триумф, со пресврт против „Старата дама“
Се чини, вистинскиот катализатор на оваа трансформација на Милан е Златан Ибрахимовиќ.
Неговиот придонес и со 38 години, неговата силна личност ги разбуди сите.
Во рок од неколку месеци, Швеѓанецот ги инспирираше соиграчите на нивото кое му доликува на клубот кој во минатото жареше и палеше во Европа.
Сепак, останува фактот дека сето тоа не беше наградено со пласман во ЛШ за Милан, па „Росонерите“ ќе мора да се задоволат со квалификации во ЛЕ.
Препородот на Милан и влијанието на Ибра би можело повторно да биде привлечно за врвни фудбалски имиња да дојдат на „Сан Сиро“.