Францускиот фудбалски напаѓач по подолго време раскажа за атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид по неговото доаѓање на „Бернабеу“ во 1999 година.
Анелка во Реал дојде од редовите на Арсенал за 22,3 милиони фунти, но никогаш не успеа да се наметне во Кралскиот клуб. Тој смета дека едноставно „соблекувалната не го прифатила“.
„Откако бев преставен на прес-конференцијата, отидов во соблекувалната. Дојдов прв и седнав, а останатите играчи доаѓаа и велеа дека седам на нивното место. На секој од нив му се извинив. Тоа се случи дваесетина пати. Веднаш се запрашав што правам јас тука. Тоа што го доживеав првиот ден беше само почеток на ноќните мори. Врз мене постојано имаше голем притисок, секој ден бев во медиумите. На терен работите не беа сјајни, а не моев да имам ниту приватен ѓивот. Не можев ништо. Замислете да имате 20 години, да одите по улица, а се што ќе направите да е тема на разговор во весниците веќе следниот ден“ – рече Анелка.
Анелка во Реал помина само една сезона, одигра 19 меча и постигна прескромни 2 гола.