Top Sport

„Волците го изедоа“ Олимпијакос, Базел без мака со Ајнтрахт

Комплетирани се чевртфиналните двојки во Лига Европа. Последните два патника на Ф8 турнирот во Келн се премиерлигашот Вулверхемптон и швајцарски Базел.

Фудбалерите на Базел целата работа ја завршија уште пред пандемијата со коронавирусот кога со убедливи 3-0 славеа во Франкфурт, кај тимот на Ајнтрахт. Вечерашниов реванш беше саму рутина што треба да се одработи.

Базел и во вториот меч забележа победа, со 1-0 со голот на Фреј во 88 минута.

Многу повеќе драма и тензија имаше на мечот во Англија. Првиот меч меѓу Олимпијакос и Вулверхемптон во Атина заврши нерешено 1-1.

Вечерва домаќините рано успеаја да стигнат до предност. Хименез уште во 9 минута, од пенал погоди за 1-0.

Многу контроверзи ќе има за поништениот гол на гостите од Грција во 29 минута. Олимпијакос израмни на 1-1, но по ВАР асистенција, голот беше поништен. Прашање е дали Камара навистина беше во недозволена позиција.

Иако гостите имаа повеќе од играта на овој меч, сепак не успеаја да постигнат погодок со кој ќе се отидеше во продолженија и евентуални пенали.

Четвртфиналните дуели во ЛЕ сега се:

Вулверхемптон – Севилја
Манчестер (Ј) – ФЦ Копенхаген
Интер – Баер (Л)
Базел – Шахтјор (Д)

Scroll to Top