Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт смета дека не добил фер-шанса во обидот да стане фудбалер во Австралија.
Јамајчанецот беше на проба во клубот од А-лигата, Сентрал Коуст маринерс во средината на 2018 година откако во текот на целата атлетска кариера не ја криеше љубовта кон фудбалот. И покрај тоа што постигна два гола во пријателски меч, Болт не успеа да добие професионален договор по што имаше уште еден неуспешен обид да се договори со клубот од Малта, Валета.
Тој неодамна стана татко и ужива во животот надвор од вниманието на светските медиуми, но жали за тоа што не добил вистинска шанса.
„Мислам дека не добив фер шанса. Не го направив тоа како што сакав, а мислам дека ќе бев добар во фудбалот. Но, тоа е една од работите кои ги промашуваш во животот и одиш понатаму. Навистина го сакам фудбалот и понекогаш ми е жал што се случи така. Сега, повторно има луѓе кои ме прашуваат дали сакам да играм фудбал, но помина времето, остарев и сега имам ќеркичка која ми го троши времето“, вели Болт.
Usain Bolt has scored his first goal! ⚡
First Olympic gold, next the Ballon d'Or? ?
?: @FOXFOOTBALL pic.twitter.com/BVroos9tJS
— Goal (@goal) October 12, 2018