Џенова се раздели со својот спортски директор Франческо Мароку по само девет месеци, најавувајќи нови потреси во клубот на Горан Пандев, кој се спаси од испаѓање од Серија А во последното коло од шампионатот.
Претседателот Енрико Прециози и покрај тоа што тимот барем уште една година ќе биде во елитата, воопшто не е задоволен од ситуацијата и најави „радикални промени“ по крајот на сезоната. Тренерот Давиде Никола, кој успеа да ги искачи пред Лече во Серија А, исто така не е сигурен на својата позиција.
Спортскиот директор Мароку пристигна во декември како замена за Стефано Капоцука, но сега го прекина договорот со взаемна согласност.
Џенова смени тројца тренери во 2019/20, од Аурелио Андреацоли до Тијаго Мота и Давиде Никола.