Top Sport

Таткото на Меси се пресели во Милано, што е следно?

Таткото на Лионел Меси, Хорхе и официјално се преселил во Милано, наводно поради даночните олеснувања кои ги нуди Италија, но италијанските медиуми тврдат дека ова е прв чекор во трансферот на арген тинската легенда во Интер.

Според „Калчомеркато“, Хорхе Меси веќе и официјално е жител на Милано, додека кинеските газди на Интер, „Сунинг групацијата“ продолжува со својот економски план за „операцијата Меси“, за која се шпекулира дека ќе чини над 250 милиони евра. Преселбата во Италија поради данокот има смисла, посебно ако се знае дека Лео и неговиот татко беа обвинети од шпанската држава за прикривање данок и платија висока казна.

Сепак, сите шпекулации посочуваат дека главниот проблем ќе биде самата волја на Меси да ја напушти Барселона, клубот во кој ја помина својата цела кариера и каде што е капитен.

Scroll to Top