Робин ван Перси по третпат се врати во својот Феенорд, откако ја прифати понудата да биде помошник на тренерот Дик Адвокат како задолжен за работа со напаѓачите.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Арсенал ја започна кариерата со Феенорд, пред да се врати во 2018 година и да постигне вкупно 47 гола за клубот од Ротердам пред да се повлече од фудбалот во 2019 година.
„Не се работи за официјална функција и затоа е тешко да се дае име. На пример, уште не се гледам како тренер на напаѓачите и полека ќе утврдуваме каде можам да помогнам. Дик ми се јави и не можев да го одбијам“, вели 37-годишниот Ван Перси.
RVP is back at 1908! ? @Persie_Official voegt zich vanaf vandaag bij de staf en gaat aan de slag met de aanvallers.#Feyenoord
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) August 7, 2020