Реал Мадрид според бројките во сите параметри е најголемиот фудбалски клуб во Европа и во светот. „Кралевите“ имаат 13 пехари во Европа, 34 пати биле шампиони на Шпанија, трипати ја освојуваа ЛШ во низа (2016/17/18 година).
Сепак и за нив има лек, вистинскиот „пеницилин“ го има Пеп Гвардиола.
Каталонецот на 19 меча против Реал има 11 победи, 4 порази и 4 нерешени. Ако на тоа се додаде дека сезонава Пеп на чело на Манчестер Сити на двата меча од осминафиналето во ЛШ го совлада Реал, тоа дава посебна тежина.
Да се вратиме наназад, во 2008 година.
Барселона го послуша советот на Јохан Кројф, па наместо Жозе Мурињо, на кормилото на каталонскиот клуб застана Гвардиола.
Останува забележана победата на Барса против Реал со 2-0 на „Ноу Камп“ и триумфот со 6-2 на „Бернабеу“ истата сезона.
Две години подоцна кога Мурињо стигна во Мадрид, Пеп го почести со „петарда“, а во истата сезона и ги елиминираше „Кралевите“ од ЛШ.
Во 2012 година, Пеп освои 4 трофеи, а Реал само еден. Гвардиола го победи Реал во Суперкупот на Шпанија и во Купот на кралот.
Во ерата на Пеп Гвардиола Реал освои 4, а Барселона 14 трофеи, од 2008 до 2012 година.
Единствениот кикс на Шпанецот против Реал е додека беше тренер на Баерн, во 2014-та. Порази со 1-0 и 4-0.