Top Sport

Шарапова се заљубила во боксот

Поранешната руска тенисерка, Марија Шарапова, реши да се пофали на социјалните мрежи со своите боксерски квалитети, со видео во кое ги покажува своите обиди да остане во форма иако петкратната гренд слем шампионка веќе не е активна.

33-годишната Шарапова се повлече од тенисот во февруари, и призна дека се заљубила во боксот по тренинг сесија со американскиот фитнес-тренер Томи Касано во 2017 година, додека беше суспендирана поради контроверзниот позитивен тест на мелдониум. Сега, таа се пофали со видео со нејзините најдобри потези.

„Ова е мојата прва снимка. Сигурно не е последната, но ми треба многу тренинг. Почнав со боксот за да останам во форма, а понекогаш е убаво да замислуваш одредени луѓе пред тебе“, вели Шарапова.

 

View this post on Instagram

 

My first ever REEL. ? Definitely not the last as I need way more practice ? #DoNutStop #FitAndLit

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova) on

Scroll to Top