Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, Силекс ги доби потенцијалните противници во второто квалификациско коло на натпреварувањето, секако ако ги победат азербејџанските фаворити Карабаг во првото коло.
Победникот од првото коло ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу молдавскиот шампион Шериф и луксембуршкиот шампион Фола Еш, избегнувајќи го опасниот Митјиланд, босанскиот шампион Сараево и албанскиот шампион Тирана. И второто коло ќе се игра со еден меч, на 25 или 26 август, а првото коло се игра на 18 или 19 август во Азербејџан.