Атлетико Мадрид потврдија дека нивните играчи од првиот тим, Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се позитивни на корона вирус, но дека тестирањето покажале дека другите членови на тимот се негативни и ќе патуваат во Лисабон за завршницата на Лигата на шампионите.
Како резултат на овие позитивни резултати, биле направени тестови на целиот прв тим на Атлетико, но и на членовите кои требале да патуваат во Португалија и тие кои биле во близок контакт со фудбалерите.
„Првиот тим и членовите на тренерскиот тим беа на нови тестови во неделата, и нивните резултати се негативни“, објави клубот.
Според протоколот на УЕФА, доколку клубот има 13 достапни фудбалери од А-листата, мечот ќе се оддржи, што значи дека дуелот со РБ Лајпциг во четврток останува на програмата. Атле потврдија дека 21 членови на тимот, вклучувајќи ги фудбалерите од академијата на клубот, Алекс Дос Сантос, Ману Санчез, Рикелме и Тони Моја ќе патуваат во Португалија.
Двајцата позитивни на КОВИД-19 од Атлетико Мадрид се фудбалери!