Top Sport

Украински фудбалер мораше на „шиење“ на пенисот по удар со колено

Украинскиот фудбалер на белгискиот Гент, Игор Пластун доби екстремно незгодна повреда, откако мораа да му го „шијат“ пенисот откако доби повреда по удар со колено од сопствен соиграч.

Дефанзивецот на Гент се судри со сопствениот голман Томас Камински во текот на мечот со Синт Труиден, а уште полошо по овој судир, топката стигна кај напаѓачот на ривалите, Факундо Колидио кој ја смести топката во мрежата за 2:1 победа на Синт Труиден.

29-годишниот Пластун, кој дојде во Гент од Лудогорец во 2018 за 500.000 евра, иронично претходно го постигна голот за неговиот тим.

Тој веднаш доби помош од медицинкиот тим на Гент, кои веднаш интервенираа покрај теренот, и признаа дека е среќа што не му била потребна пластична операција.

Повредата се случува на 1:50 од видеото.

Scroll to Top