Американската тенисерка, ветеранката Серена Вилијамс вели дека е подготвена да му се врати на тенисот, но инсистира да се почитуваат мерките за заштита затоа што, како што вели, и самата станала опседната со тоа.
„Целиот свет ја доживува оваа пандемија. Спортот денеска е една од ретките работи кои на луѓето можат да им понудат `свеж воздух`.Почнав да вршам социјална дистанца уште на почетокот на март. Немам полн капацитет на белите дробови, па не знам што би можело да ми се случи ако закачам коронавирус. Многу сум внимателна, патувам со 50 мааски, може да се каже дека сум и опсесивна, но морам така да се однесувам“ – вели Вилијамс.
Освојувачката на 23 грен слем титули вели дека нема дилема дали да игра на претстојните турнири.
„Ќе гледам да играм на сите турнири, доколку се одржат, иако научив да не ја планирам иднината“ вели тенисерката.