Двајца руски судии ќе одат на детектор на лаги откако беа оценети како „кловнови“ по скандалот со досудувањето на пенал при ремито на Спартак Москва со Сочи и по заканите на газдата на московскиот клуб со повлекување од лигата.
Сочи добија сомнителен пенал во 90. минута на „Откритие“ арената во Москва, кој Кристијан Нобоа го реализираше за 2:2 реми во првото коло од новата сезона во руската Премиер лига во неделата. Гостите претхдно, во првото полувреме постигнаа уште еден гол од пенал да се вратат откако губеа со 2:0 по само 10 минути.
Двата пенали беа досудени од судијата Василиј Казарцев со помош на ВАР системот, но вториот пенал беше посебно контроверзен, откако замената на Сочи, Анатолиј Немченко падна во дуел со францускиот дефанзивец Самуел Жиго.
пенальти pic.twitter.com/BaIufvkUTw
— Sir_alex (@alekser75) August 9, 2020
Фановите на Спартак, кои беа бесни по сомнителните судски одлуки на крајот на минатата сезона, беа бесни, а газдата Леонид Федун, еден од акционерите на гигантот „Лукоил“ се закани со повлекување од лигата. Федун подоцна беше разубеден од претсдателот на Руската фудбалска унија (РФУ), Александер Дјуков, но побара странски судии да работат со ВАР системот.
Судијата Казарцев веќе е суспендиран од РФУ, а заедно со ВАР помошникот Алексеј Есков, ќе бидат подложени на детектор на лаги во среда или четврток за да одговорат на прашања за мечот. Ова не е првпат во рускиот фудбал, судиите да бидат подложени на детектори на лаги.