Шампионите од Премиер лигата, Ливерпул го прекинале спонзорскиот договор со производителот на кокосово млеко, „Чаокох“, откако се појавија обвинувања дека компанијата кориси мајмуни (!) за собирање на овошјето.
Партнерството на клубот со тајландската компанија заврши во јули и Ливерпул реши да не продолжи со соработката по кампањата која ја водеше Кери Симондс, партнерката на британскиот премиер Борис Џонсон.
Според обвинувањата, „Чаокох“ ги приморувала мајмуните да собираат кокосови ореви врзани за ланци, а исто така им ги отстранувале забите на најагресивните мајмуни.
Асоцијацијата за заштита на животни, ПЕТА му се заблагодари на Ливерпул за прекинувањето на соработката и побара тајландската влада да преземе мерки.