Top Sport

Матеус: Левандовски го наследи Меси како најдобар, Барса нема шанси со Баерн

Германската фудбалска легенда Лотар Матеус вели дека Роберт Левандовски е „најдобриот фудбалер на светот“ во моментов пред Лео Меси, и е негов вистински наследник. Поради тоа, јасно е дека Баерн Минхен е фаворит пред четврт-финалето од ЛШ против Барселона.

Левандовски стигна до 53 гола во 44 меча откако постигна два гола во 4:1 победата на Баерн над Челси во саботата, додека Барселона со 3:1 го победи Наполи, во меч во кој Меси постигна фантастичен соло гол. Матеус вели дека предноста е кај Германците.

„Меси се соочува со својот наследник како најдобар фудбалер на светот – Роберт Левандовски. Тој е најдобар фудбалер, не само најдобар напаѓач. Оваа Барса не е истата како во минатото. Секако, го имаат Меси, и фудбалер како него знае да направи генијален потег. Но сам, нема да може ништо против Баерн. Барселона воопшто не ме плаши“, вели Матеус за „Билд“.

Scroll to Top