Српскиот фудбалски интернационалец Лука Јовиќ повторно на удар на шпанска „Марка“. Го анализираа неговиот учинок сезонава и заклучија дека е најлошит напаѓач во Реал во 21. век.
„Само два гола на Јовиќ се причина за тревога. Посебно ако се земе во предвид дека клубот го плати 60 милиони евра. Тоа значи дека секој негов гол вреди 30 милиони евра. На сето тоа, двата гола против Осасуна и Леганес и тоа кога победата веќе беше обезбедена“ – пишува „Марка“.
Шпанскиот весник пишува и дека Маријано Дијаз имаше подобар учинок од него.
„Маријано добиваше минимални шанси за настап од кога стигна од Лион, но тој во сезоната 2018/2019 постигна 4 гола и одигра 5 меча помалку од Јовиќ“ пишува весникот.