Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Далмаер го донесе првото германско злато

Германката Лаура Далмаер го освои својот прв олимписки медал, триумфирајќи во биатлонскиот спринт во Пјонгчанг за првото злато за Германија на Олимпијадата.

Бронзата отиде кај Норвежанката Марте Олсбу, додека Чехинката Вероника Виткова го освои третото место и бронзата. 24-годишната Германка беше совршена на стрелиштето, за на крајот да биде 24 секунди пред Олсбу, која во спринтерски финиш ја совлада Виткова.

„Се чувствував празна кога ја поминав целта! Ова е најголемото нешто што можете да го постигнете како спортист. Не знам што друго да кажам. Трката беше тешка, бидејќи беше вечерна и многу студеше, а на стрелиштето имаше ветер“, изјави Далмаер.

Scroll to Top