тлетик Билбао потврди дека шест членови на нивниот тим, фудбалери и членови на стручниот тим, имале позитивни тестови на корона вирус, зголемувајќи ја кризата со болеста во шпанскиот фудбал по потврдените позитивни случаи во Атлетико Мадрид, Валенсија и Барселона.
Фудбалерите и членовите на тимот биле на тест во вторникот при враќањето на работа во тренинг-кампот во Лезама, и потврдени се шест позитивни случаи – луѓето веќе се во изолација во своите домови.
Тимот ќе продолжи со тренинзи од четврток, а во петок ќе следу нова тура на тестирање на 32-те фудбалери повикани од тренерот Гаизка Гаритано.
Претходно, Атлетико Мадрид потврди два позитивни слуачи, Валенсија исто така имаше двајца позитивни, а Барселона има еден позитивен случај од „резервниот“ тим.
ℹ️ Resultados de las pruebas PCR realizadas a jugadores y personal relacionado con el primer equipo. #AthleticClub ?https://t.co/H8vXjn1Bhc
— Athletic Club (@AthleticClub) August 12, 2020