Навивачите на Валенсија имаат причина да се бесни затоа што нивниот омилен клуб во еден ден остана без Франсис Кокелан, но уште побитно и без капитенот Дани Парехо.
Играчот кој речиси 10 години беше незаменлив кај „лилјаците“, си замина од „Месталја“ како слободен играч откако го раскина договорот со клубот и стана нов член на Вилјареал.
Потезите на Управата на Валенсија на многумина не се јасни, Парехо дури и се расплака додека на медиумите во Шпанија им ја раскажуваше причината поради која си оди од клубот.
„Си одам повреден, со болка во срцето. Сакав да ја завршам кариерата на `Месталја`, се обидов да пронајдам начин, но едноставно беше невозможно“ рече Парехо.
Dani Parejo, not given a proper send-off by Valencia, is currently giving a press conference from his house directly to the fans.
He has immediately broken down into tears. pic.twitter.com/lB6syHYLST
— Talking LaLiga (@TalkingLaLiga) August 12, 2020