Top Sport

Пашалиќ го „казни“ Нејмар за зицерите, Аталанта води 1-0 на полувреме

Нејмар и Навас беа виновни што беше 0-0 на семафорот на стадионот „Луж“ во Лисабон на првото четвртфинале се до 27 минута на мечот.

Бразилскиот напаѓач Нејмар уште во третата минута имаше 100-отстотна шанса да го матира голманот на Аталанта Спортиело, ама несфатливо за него шутираше крај голот.

Неколку минути подоцна Кејлор Навас со неколку одлични интервенции го спречи налетот на екипата од Бергамо.

Сепак не можеше ништо да стори во 27 минута. Пашалиќ биеше прецизно десно горе од 13-тина метри за водство на „сино-црните“ од 1-0.


Една минута по водството повторно Нејмар се најде во можност да израмни, но биеше силно крај десната статива.

По третпат во првиот дел Бразилецот се „посрамоти“. Во 42 минута неочекувано се најде во прилика од лево, биеше неконтролирано над голот.

Во првото полувреме Икарди е незабележителен во нападот на „Светците“, а Мбапе е на клупата за резерви.

Scroll to Top