Експертот на шпански фудбал, Гилем Балагуе тврди дека Јувентус веќе им го понудил Кристијано Роналдо на Барселона во обид да ги намалат трошоците пред стартот на новата сезона со Андреа Пирло како тренер, во една од шпекулациите во која е најтешко да се верува.
Португалецот пристигна во Торино во јули 2018 за 117 милиони евра од Реал Мадрид, но минатите недели имаше шпекулации дека 35-годишниот ЦР7 сам се понудил на Пари Сен-Жеремен. Балагуе тврди дека ветеранот е понуден „насекаде“.
„Причината поради која Кристијано Роналдо е поврзуван со Пари Сен-Жермен, не доаѓа од таму што ПСЖ го сакаат, туку поради тоа што Жорге Мендеш добил информации да најде било каков тим за Роналдо. Го гледаме тоа веќе шест месеци кога беше поврзуван со враќање во Реал Мадрид. Оттаму кажаа дека тоа нема шанси. Има разговори со МЛС, бидејќи Јувентус не сака да дава таква плата. Им го понудија и на Барселона, но не знам дали толку лесно можат да се ослободат од него. Тој заработува 23 милиони евра, колку што заработуваше и во Реал Мадрид. Кој може да го плаќа тоа?“, вели Балагуе во интервју за „Би-би-си спорт“.
Можноста да ги видиме Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ист тим, секако, би била фантастична за секој фудбалски навивач, но реалноста најверојатно е малку поинаква. Посебно бидејќи и самата Барселона има сопствени финансиски проблеми.
? 'Juventus wants to get rid of his wage, he's been offered everywhere including Barcelona' @GuillemBalague on the future of @Cristiano Ronaldo
?⚽ https://t.co/3CW3Ngo4mY pic.twitter.com/OB8W9XH5oz
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) August 12, 2020