Top Sport

Херојски пречек за Аталанта, претседателот ветува уште подобра сезона

Аталанта вчера имаше на дофат спектакуларна победа над Пари Сен-Жермен и пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако до 90-тата минута имаа 1:0 водство, пред во драматичен финиш да примат два гола и да испаднат.

Ова не го намалува значењето на тоа што го направи клубот од Бергамо, градче од 100.000 жители во северна Италија, каде што корона вирусот „удри“ најсилно минатите месеци.

Дел од навивачите на „Ла деа“ и покрај ограничувањата поради корона вирусот ги пречекаа своите херои на аеродромот, додека претседателот на клубот, Антонио Перкаси веднаш ги најави амбициите за следната сезона и обидот и во Бергамо да се заигра ЛШ. Оваа сезона, Аталанта играше на „Сан Сиро“ во Милано поради реконструкцијата на нивниот стадион.

„Работиме напорно следната Лига на шампиони да се игра во Бергамо, бидејќи градот и фановите го заслужуваат тоа. Им се заблагодарувам на Сасуоло, Интер и Милан за нивните стадиони, но сакаме европски натпревари дома. На 7 и 8 септември ќе има инспекција на УЕФА и ќе знаеме повеќе“, вели Перкаси.

Scroll to Top