Еден од најдобрите боксери во историјата, Флојд Мејведер Јуниор продолжува со тренинзите зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе се врати во рингот.
43-годишниот Мејведер се повлече од боксот во 2017 откако во мега-меч го совлада поранешниот УФЦ шампион, Конор Мекгрегор, но минатата година најави дека ќе се врати за да работи со УФЦ шефот Дејна Вајт на „спектакуларен проект“.
Според шпекулациите боксерот со 50-0 скор е подготвен да има нов езгибициски меч во Јапонија, откако лани си заработи 8 милиони долари за победа над кик-боксерот Теншин Насукава.