Актуелната шампионка од САД опен, Канаѓанката Бјанка Андреску нема да ја брани титулата на овогодишниот турнир поради корона вирусот, приклучувајќи се на листата на тенисери кои решија да го прескокнат американскиот гренд слем.
Тоа значи дека турнирот на Флешинг Медоуз ќе почне без двајцата актуелни шампиони, откако и Рафаел Надал реши да не ризикува и да патува во САД и да го продолжи подготовките за Ролан Гарос. Од турнирот се повлекоа и Ник Кирјос и Наоми Осака, додека Роџер Федерер нема да игра поради повреда.
„По повеќе разговори со моите најблиски, ја направив тешката одлука да не се вратам во Њујорк оваа година. Победата таму ми е најдобриот момент во мојата кариера и ќе ми недостасува што нема да бидам така. Но, поради пандемијата на КОВИД-19, не можев да се подготвам да играм на највисоко ниво“, објави Андреску.