Ришар Гаске по шести пат едноподруго ќе игра во финалето на Опен Суд де Франс во Монпелје, откако со 6:4/0:6/6:3 го победи Давид Гофан за пласман во финалето.
Гаске, кој е роден во Безиер, во близината на Монпелје беше доминантен во првиот сет, но потоа имаше лош пад во играта, а светскиот рекет број 7, Гофан почна да погодува од секаде. Во третиот сет, Гаске го направи брејкот во седмиот гем и уште еднаш во деветтиот гем за победа.
Гаске, кој е шампион од Монпелје во 2013, 2015 и 2016 во финалето ќе се сретне со својот сонародник Лукас Пуј, кој влезе во финалето откако Жо-Вилфрид Цонга се повлече поради повреда иако водеше со 1:6/5:5.