Ѕвездата на Челси, Рос Баркли едвај стоеше на нозе и му беше потребна помош од пријателите да оди по очигледно добрата забава на островот Миконос, каде што е на одмор по крајот на сезоната во премиер лигата.
26-годишниот англиски репрезенативец заминал во Грција по елиминацијата на Челси во Лигата на шампионите од Баерн Минхен и мораше да добие помош од двајца пријатели за се врати во својот апартман.
Баркли, кој заработува 100.000 фунти неделно во Челси, претходно оваа сезона потврди дека неколку пати имал проблеми со менаџерот Френк Лампард по неколку „бурни“ ноќи во Лондон. Во октомври тој беше забелан како со двајца полицајци оди до банкомат за да извади пари кои ги должел на таксист, а во декември беше фатен на видео како танцува во очигледна алкохолизирана состојба во еден ноќен клуб во Дубаи.