Втор случај на заразен со коронавирусот во редовите на Барселона и тоа обелоденет непосредно пред почетокот на четвртфиналето против Баерн Минхен.
Стоперот Самуел Умтити има коронавирус, објавија од клубот. Тој е вториот играч, по Жан-Клер Тодибо за кој пред неколку дена беше објавено дека е во изолација откако бил позитивен на тестот.
Сепак, нема ризик за останатите фудбалери на Барса кои се во Лисабон, а Умтити не отпатува со нив затоа што е повреден. Освен тоа, сите останати фудбалери на каталонскиот клуб вчера, пред доаѓањето во Лисабон беа тестирани и сите имаа негативни тестови.
И Умтити како клупскиот колега е асимптоматичен, добро се чувствува, во домашна изолација е, во постојана комуникација со лекарите.
Умтити е светски шампион со Франција од 2018 година, а во Барса е од 2016, дојде од редовите на Лион за 25 милиони евра.
За клубот од „Ноу Камп“ одигра 116 меча.