Легендарниот играч на Ливерпул, екс-дефанзивецот Џејми Карагер по завршувањето на кариерата работи како стручен коментатор во телевизија.
Пред неколку дена Карагер врескаше по вториот гол за пласман во полуфинале на ПСЖ, но синоќа, заедно со некогашниот одбранбен играч на Манчестер Сити, Мика Ричардс имаа реакција за паметење, останаа здрвени.
Кога Рахим Стерлинг во финишот на мечот во Лисабон излезе сам пред празниот гол со можност да погоди за 2-2 двајцата екс- играчи во телевизиското студио потстанаа за да го прослават израмнувањето и тогаш – студен туш.
Стерлинг го изведе промашувањето на кариерата што значеше подоцна и елиминација на Сити од ЛШ.
Погледнете како реагираа:
.@Carra23 and @MicahRichards were all of us watching that Sterling miss ?? pic.twitter.com/41Ut1YEBp0
— Champions League on CBS Sports (@UCLonCBSSports) August 15, 2020