Каде и да се појави, српскиот кошаркарски центар Бобан Марјановиќ (висок е 221 сантиметар) прави сјајна атмосфера. Центарот на Далас Маверикс омилен е во друштво, како во соблекувална, така и надвор од паркетот.
Неретко тој знае да се пошегува на туѓа сметка, но прифаќа и зезанција на своја сметка.
Марјановиќ не е многу активен на социјалните мрежи, но кога ќе постави објава, тие се многу следени.
Вчера, на денот на неговиот 32-ри роденден сподели на Инстаграм две фотографии од своите мускули.
Нема сомнеж дека со овој пост предизвика внимание во НБА, посебно во Далас каде се изненадени од мускулите на кошаркарскиот „џин“.