Екипата на Севилја од Андалузија е првиот финалист во Лига Европа откако предмалку со 2-1 го совладаа Манчестер Јунајтед во мечот одигран на неутрален терен, во германски Келн.
Иако „ѓаволите“ први поведоа на мечот, со голот од пенал на Фернандеш во 9 минута, сепак фудбалерите на Севилја уште во првиот дел со голот на Сусо (26 минута) го вратија резултатот егал.
На стартот на второто полувреме вистинска канонада врз голот на Боно.
Десетина минути се редеа шансите на Јунајтед како на филмска лента, се изнапромашуваа и Гринвуд, и пред Марсијал, а голманот на Андалузијците и одбранбените играчи беа на висината на задачата.
Казната за сите промашувања на Јунајтед стигна преку нововлезениот Де Јонг, во 78 минута, по одлично нафрлената топка од десна страна од Хесус Навас.
До крајот на мечот, „ѓаволите“ притиснаа кон голот на противникот, но без вистинска прилика за промена на резултатот.
Ова за Севилја е шесто финале во Лига Европа или претходно Куп на УЕФА, а последното го играше против Ливерпул во 2016-та. Андалузијците славеа со 3-1.
Севилја својот противник во финалето на ЛЕ ќе го дознае утре по мечот меѓу Интер и Шахтјор Доњецк.