Top Sport

Солскјер немилосрден кон играчите: Бевме ужасни!

Фудбалерите на Севилја синоќа во Келн со пресврт и конечни 2-1 го совладаа Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Лига Европа. Денеска го очекуваат ривалот за финалниот дуел, а тоа ќе е подобриот од пресметката Интер – Шахтјор Доњецк.

Менаџерот на „ѓаволите“ Оле Гунар Солскјер не го криеше разочарувањето по поразот. Рече дека неговите играчи биле уморни во завршницата од мечот, а напомена и дека не биле доволно концентрирани во текот на 90-те минути.

„Голманот (Боно) имаше фантастичен меч. Разочарувачки е што не постигнавме гол во второто полувреме. Знаеме дека имаме голем број играчи кои можат да постигнат гол, но таков е фудбалот. При вториот гол на Севилја, цела наша постава беше ужасна. Бевме сјајни уште од февруари, а разочарувачки е што вака завршивме. Возбуден сум што и во иднина ќе работам со овие играчи. Видовте и на крајот на мечот дека фудбалерите беа уморни, и во нозете, и во главите“ – рече Норвежанецот.

Scroll to Top