Легендата на клубот и актуелен холандски селектор, Роналд Куман е пред промоција на тренерското место во Барселона, тврдат шпанските медиуми по тричасовниот „кризен“ состанок на управата на каталонскито клуб.
По 8:2 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу свика итен состанок за да се одреди правецот во кој ќе се движи клубот, и иако следната година се очекуваат редовни избори во клубот, медиумите тврдат дека е јасно дека Кике Сетиен добива отказ, а поранешниот фудбалер на клубот Куман ќе го преземе водењето на клубот.
Куман ќе ја напушти селекторската позиција во Холандија, откако уште поодамна призна дека постои таква клаузула во неговиот договор и ќе го предводи тимот во кој беше фудбалер од 1989 до 1995 година.
Сега се очекува во наредните часови, оваа одлука, како и други одлуки во клубот да бидат официјализирани.