Top Sport

Ботас тврди дека ослабел 3 килограми поради црниот тркачки костум

Валтери Ботас нема проблем со поддршката за „Black Lives Matter“, но се пожали дека поради црните тркачки костуми кои тимот на Мерцедес ги користи како поддршка за движењето ослабел три килограми за време на Шпанското ГП.

Во знак на поддршка, Мерцедес го обоија својот болид во црно наместо во сребрено, и во исто време ги редизајнираа тркачките костуми на возачите, што не беше прикладно за Шпанското ГП во Барселона.

„Во болидот секогаш е толку жешко, но сега беше неиздржливо. Сите знаат дека црната боја апсорбира повеќе топлина, посебно на силно сонце. Покрај тоа, има ново правило за тркачките костуми, кои се подебели оваа година, и беше ужасно. Загубив три килограми во текот на трката и тоа можеше да влијае на перформансите. Знам дека сум еден од најдобро физички подготвените возачи, но не беше удобно“, изјави Ботас.

Дали ова беше главниот проблем на Ботас, кој стартуваше како втор, но заврши трет зад Макс Ферстапен на „Каталуња“, останува да процените сами.

Scroll to Top