Top Sport

Давид Силва ќе добие статуа пред „Етихад“

Манчестер сити ќе му оддадат почит на својот легендарен фудбалер Давид Силва, кој заминува ова лето од „Етихад“ со статуа пред нивниот стадион и со мозаик во нивниот тренинг-центар.

Шпанецот помина 10 години во клубот и беше клучен во четирите титули од Премиер лигата, а минатото лето по заминувањето на Винсен Компани беше прогласен за капитен на тимот. Откако сезоната на Сити заврши со пораз од Лион во четврт-финалето од ЛШ, Силва ќе замине од клубот како слободен фудбалер и најверојатно ќе заврши во Лацио.

„Блескавата 10-годишна кариера на Давид Силва ќе биде одбележана со статуа на стадионот ’Етихад’. Силва беше информиран за одлуката од претседателот на клубот, Халдун Ал-Мубарак по последниот меч од Премиер лигата против Норич минатиот месец. Покрај тоа во тренинг-центарот ќе има мозаик во чест на Шпанецот“, се вели во објавата на тимот.

Scroll to Top