Ако досега не беше јасна причината зошто Манчестер јунајтед цело лето преговараат за трансферот на Џејдон Санчо, видеото од последниот пријателски меч на Борусија Дортмунд покажува каков талент поседува 20-годишниот Англичанец.
На пријателскиот меч против Австрија Виена, кој „милионерите“ го добија со неверојатни 11:2, Санчо постигна еден гол и имаше четири асистенции откако влезе на полувремето, но потегот на мечот беше „кршењето кичма“ на дефанзивецот на Австрија, Криштоф Марчинко.
Санчо самиот се пофали на својот Твитер профил со порака: „Пред-сезонски вибрации“.
Preseason vibes… pic.twitter.com/PBy66y2SHC
— Jadon Sancho (@Sanchooo10) August 16, 2020