Довчерашниот фудбалер од средниот ред на Манчестер Сити, Шпанецот Давид Силва по 10 години реши да ја промени средината. Сите медиуми пред се италијанските, пишуваа дека тој речиси сигурно се сели во Рим, во тимот на Лацио, но настана пресврт во целата ситуација. Иако имаше шпекулации дека Пирло и Јувентус „пред нос“ е го украдат Силва од „небесносините“, сепак Шпанецот решил да се врати во татковината.
Давид Силва потпишал договор со Реал Сосоедад и се враќа во Ла Лига. Пред 10 години како играч на Валенсија си отиде од Шпанија за да потпише договор со „граѓаните“ од Манчестер.
Силва го одби договорот на Лацио со кој од римскиот клуб му понудија 12 милиони евра за тригодишна верност. Сепак Сан Себастијан ќе е следната дестинација на плејмејкерот.
? Tenemos el honor de anunciar que uno de los grandes se une a la familia txuri urdin…#OngiEtorriDavid #AurreraReala pic.twitter.com/r152Q2rATl
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) August 17, 2020
Инаку вчера беше соопштено дека за своите успеси и залагања за Манчестер Сити, Силва ќе добие статуа пред „Итихад“: