Мечот од квалификациите за Лига Европа помеѓу клубот Линколн од Гибралтар и косовска Приштина не се одигра откако дури осум фудбалери на косовскиот клуб биле позитивни на КОВИД-19.
И покрај инсистирањето на управата на Приштина дека имаат доволно фудбалери да го одиграат мечот, властите во Гибралтар не дозволиле одигрување на мечот.
„Властите не дозволуваат да се одигра мечот, а тимот мора да се врати веднаш на Косово. Според нив, УЕФА може да го премести мечот во некоја од четирите неутрални земји: Унгарија, Полска, Грција или Кипар“, вели претседателот на Приштина, Авни Дурмиши на официјалниот Фејсбук профил на клубот.
Ова е вторпат косовски клуб да биде спречен да игра во европските купови, откако УЕФА не дозволи да се одигра квалификацискиот меч од Лигата на шампионите помеѓу Линфилд и Дрита, откако двајца фудбалери на косовскиот клуб беа позитивни на КОВИД-19.