Аутсајдерите Орландо меџик успеаја да стигнат до фантастична 122:110 победа над Милвоки бакс во нивниот прв натпревар од четврт-финалето на Источната конференција, предводени од Црногорецот Никола Вучевиќ.
Вучевиќ имаше апсолутно неверојатен меч со со 35 поени, 13 скока, 3 асистенции и 5-од-8 за три поени, Теренс Рос додаде 18, а Фулц и Кларк по 15 поени.
МВП на лигата Јанис Адетокумбо не можеше сам против расположените Меџик, иако го заврши мечот со 30 поени, 15 скока и 7 асистенции.