Во сабота во 18 часот, Приштина, сепак, ќе го одигра мечот од првото квалификациско коло за Лига Европа против Линколн од Гибралтар, откако УЕФА направи досега невиден преседен и дозволи косовскиот клуб да игра со „позјамени“ фудбалери.
Европската сага за Приштина започна по пристигнувањето во Гибралтар, кога дури осум нивни фудбалери беа позитивни на корона вирусот, а властите во оваа мала држава не им дозволија ниту да влезат во хотелот, и одбија да го одиграат мечот.
За да се реши проблемот на Приштина, УЕФА дозволи клубот да пријави 20 играчи од други косовски клубови како привремено позајемни фудбалери, а како тренер го имаат Рамиз Красниќи, селекторот на младинската репрезентација на Косово.
УЕФА со услов за Приштина: Да не игра ниту еден од тимот кој пристигнал во Гибралтар