Полицијата во Марсеј одлучи да забрани носење на дресови на Пари Сен-Жермен во центарот на градот во недела, кога ПСЖ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен за да се „зачува редот и мирот во градот“.
Објавата на полицијата дури соддржи зборови како „боите на ПСЖ“, што значи дека ниту шалови, маски и капи на „омразениот“ ривал од престолнината.
Наредбата доаѓа откако во вторникот навечер имаше неколку инциденти во Марсеј, посебно во старото пристаниште. Стотина навивачи на Марсеј се собраа и пееја погрдни песни за Париз и фрлаа пиротехника. Тие приморале двајца навивачи на ПСЖ да ги соблечат нивните дресови, а исто така забраниле пуштање на преносот на натпреварот во локалните кафеани.