Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот Хари Мегваер, синоќа се тепал во пред ноќен клуб на грчкиот остров Миконос. Мегваер со лисици на рацете бил спроведен во полициска станица откако започнал да им се заканува на полицајците.
Подетални информации за инцидентот нема, а од Манчестер Јунајтед го потврдиле инцидентот во кој учествувал капитенот на тимот, со напомена дека Мегваер соработувал со грчките власти.
Од клубот на Мегваер се надеваат дека тој ќе биде пуштен на слобода и дека ќе помине само со парична казна.