Top Sport

Клајстерс не игра на Синсинати опен, неизвесно учеството на САД опен

Трикратната шампионка од САД опен, Белгијката Ким Клајстерс се повлече од Вестерн & Саутерн опен поради повреда на стомачниот мускул, на само 10 дена пред стартот на САД опен, во уште една „сопка“ на нејзиниот пат назад во светот на тенисот.

37-годишната Белгијка се врати на тенисот оваа година по повеќе од седум години пензија и доби вајлд-карта на турнирот кој наместо во Синсинати се игра на терените на Флешинг Медоуз во Њујорк поради пандемијата на корона вирусот.

„Разочарувачки е што морам да се повлечам, но мојот медицински тим смета дека ми е потребно подолго време за опоравување“, вели Клајстерс.

Клајстерс славно го освои САД опен во 2009 со вајлд-карта, откако се врати од пензија за да стане мајка. Клајстерс победи во Њујорк и во 2005 и 2010 година, а во 2011 триумфираше на Австралија опен.

Scroll to Top