Британскиот таблоид „Сан“ носи интересни детали околу скандалозната тепачка на капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегвајр на грчкиот остров Миконос, која се случила по тридневна пијанка, во која само за еден ден неовата сметка била 63.000 фунти.
Според таблоидот, на 27-годишниот англиски репрезентативец му се придружиле неговите браќа, сестрата Дејзи, ѕвездата од реалното шоу „Лов ајленд“, Крис Хјуз, снукер играчот Џад Трамп и фудбалерот на Челси, Рос Баркли на пијанката во вторникот. На менито биле скапи шампањска, јастози, три шишиња „Џек Даниелс“ и грчко мезе во барот „Сант Ана“ на плажата на Миконос.
Следната вечер, работите тргнале наопаку, откако Мегвајр и неговите придружници заминале во барот „Кози“, каде што налетале на англиски туристи кои ги провоцирале Мегјвар со повици: „Е.и го Јунајтед“. Сепак, насилство не се случило, по што Мегвајр бил на приватна забава на вила.
Во четвртокот, работите целосно излегле од контрола кога тие се вратиле во „Сант Ана“. Таму налетале на истата група на навивачи кои овојпат сакале физичка пресметка и ја добиле. Полицијата тврди дека Мегвајр удрил еден од полицајците најверојатно сметајќи дека е еден од навивачите, а расправијата продолжила и во полициската станица, каде што наводно Мегвајр им понудил поткуп. Исто така се верува дека сестрата на Мегвајр добила исеченица на раката, што предизвикало фудбалерот да ја загуби контролата.